Centar.mk
-БИЗНИС

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

Соопштение на Алта БАНКА објавено на нивната официјална страна на Фејсбук:

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

Согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на Банката.

Нагласуваме дека преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите.
За сите дополнителни информации и промени навремено ќе ве известуваме преку нашите официјални канали.

Ви благодариме за разбирањето.
АЛТА банка АД Битола

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки, во нивно време се уништи Еуростандард која давала кредити без покритие на струмички фирми

ДЕСК