Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

Кандидатот на „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, Аркин Јахији, според неофицијалните информации, има предност во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, одржан денеска, 1 ноември 2026 година.

Според партиски и медиумски информации, Јахији освоил повеќе гласови од својот противкандидат Стојанчо Радичевски, кој настапи од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во објавените неофицијални бројки се наведува дека Јахији добил 4.379 гласа, наспроти 4.178 за Радичевски, што претставува разлика од 201 глас.

Вториот изборен круг го одбележа зголемена излезност. Според последниот објавен пресек на Државната изборна комисија, до 18:30 часот гласале 8.595 граѓани, односно 52,90 проценти од запишаните избирачи. Тоа е поголем одѕив во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври.

Изборната трка беше неизвесна, а двата кандидата добија различна поддршка по населените места во општината. Конечната слика за гласањето ќе биде утврдена со официјалните резултати на Државната изборна комисија.

Засега објавените информации за предноста на Јахији имаат неофицијален карактер и се очекува нивна потврда од надлежната изборна институција.

Можеби ќе ве интересира

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

ДЕСК

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК