11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следуваат два опасно жешки денови, во четврток освежување – Метеоценар со детална погноза за времето

Утре и во вторник времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолтата, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокаловата фаза за опасност од високи температури.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 10.08.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=9

Прогноза за 11.08.2021
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 39°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9

Прогноза за 12.08.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. УВ=9

Спонзорирано: