5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Град Скопје со парични награди за пожарникарите што учествуваат во гаснење на пожарите низ Македонија

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија. Паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада.

Во изминатите 4 години Градот Скопје ги зголеми платите на пожарникарите, а се зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.

Исто така, се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка.

Можеби ќе ве интересира

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

M T

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

M T

Пожарникари спасуваат луѓе од станбени згради во Киев

M T

СДСМ: Срамна е постапката на Град Скопје да им се забрани влез во автобус на лица со попреченост кои се со придружба на куче

M T

Град Скопје ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на градот

M T

Град Скопје доделува парична помош за настраданите во пожарот во Тетово

M T