22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОРТОП ВЕСТИ

Заев за Отворен Балкан: No stop, just go

„Конечна цел на поврзувањето на Западниот Балкан е да постигнеме ‘no stop, just go’, да нема воопшто застанување на границите помеѓу Србија, Северна, Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко“ рече премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје.

Како што кажа тој, со интегрирањето и поврзувањето на регионот ќе се обезбеди слободно движење на стоки, преку зајакната инфраструктура на граничните премини, со 24-часовно работно време на сите гранични служби и со проширување на зелените коридори меѓу нашите земји кон ЕУ.

„Да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги, преку взаемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интер-компаниски трансфери во рамките на шесте земји од Западен Балкан, меѓусебно признавање квалификувани електронски потписи и други доверливи услуги“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека преку овозможување мобилност на студенти, научници и истражувачи, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и со проширување на туристичките понуди и врски во регионот ќе се прошири и слободното движење на луѓето.

„Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар. За остварување на овие слободи, денеска како за почеток, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандума за соработка“ кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места

M T

Северна Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима – Втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана

M T

„Отворен Балкан“ во Охрид, ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка

M T

Ковачевски: Фокусот на Владата е раст на економијата, енергетска транзиција и одржливо земјоделство

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T