Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради пожарите во Анталија, Османи ја одложи посетата на Анкара

Поради силните пожари, кои денеска се проширија во регионот на Анталија, во Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја одложи утрешната официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи, стои во соопштението, со жалост ја следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција, со поддршка за тековната масовна противпожарна акција, што побргу да успее да ја стави состојбата под контрола.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК