9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состојбата на Камчев е алармантна, а во затворот го лекуваат со сол и газирана вода, реагираат адвокатите

Правниот тим на бизнисменот Орце Камчев, кој во моментот се наоѓа во притвор, преку соопштение ја информира јавноста дека неговата здравствената состојба, како што велат, е исклучително алармантна, континуирано се влошува, а во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, според нив, нема соодветни услови за нејзино третирање.

„Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ ‘Затвор Скопје’ нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата“, се наведува во соопштението потпишано од адвокатите Гоце Ристески и Александар Михајлоски.

Адвокатите информираат дека утрово Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот медицински тим констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето.

„Во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ ‘Затвор Скопје’, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван, смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот медицински тим оваа негова состојба во КПУ ‘Затвор Скопје’ ја третираат со сол и газирана вода“, реагира правниот тим на притворениот бизнисмен.

Според адвокатите, сериозноста на здравствената состојба, во која моментно се наоѓа Камчев, и несоодветното третирање претставува ризик директно за неговиот живот.

„Од правен, но и етички и морален аспект, нашиот клиент и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор, која се применува, не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек“, стои во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмалку 15 загинати и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

M T

Приведен крадец во Скопје, ќе биде спроведен во затвор

M T

Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

M T