Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија како под “сач” – температурите ќе скокнат над 42 степени, детална прогноза за следните денови

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.

Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите.

Прогноза за 30.07.2021
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Прогноза за 31.07.2021
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 35°C до 42°C
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Прогноза за 01.08.2021
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 35°C до 42°C
Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК