Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за драмата во КарПОш: Сопругите се скарале, а нивните мажи расправијата ја завршиле со крвава пресметка

Сопругите се скарале, а нивните мажи расправијата ја завршиле со крвава пресметка. По љубовната драма која вчера претпладне се одвивала во близина на општина Карпош, 37 годишниот маж кој бил прободен со нож во градите, е пренесен на клиниката за торакална хирургија.

„Вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Драгиша Мишовиќ“, на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.А. и И.С.К., двете од Скопје.

Исто така, во врска со случајот, околу 11.40 часот било пријавено дека на истата локација, по претходна расправија, С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37), двајцата од Скопје“велат од МВР.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. С.А. околу 18.00 часот сам се пријавил во Единицата за насилен криминал во Полициската станица Кисела Вода и со него бил извршен разговор.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК