Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Опозицијата секогаш става сопки или нож во грбот на својата држава

Опозицијата најмалку може да наоѓа замерки, бидејќи тие не покажаа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата, пишува на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Опцијата која тие ја претставуваат секогаш била опција која ставала сопка или нов нож во грбот на својата држава“, наведува Спасовски.

Во однос на актуелното раководство, тој вели дека кога СДСМ ја презеле власта одлучиле храбро да ги решаваат проблемите, наместо да владејат популистички.

„Влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата, а со многу посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме и преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик“, наведе Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК

ОДЗЕМЕН ПРИСТАПОТ ДО СТУДЕНТСКИТЕ ДОСИЕЈА – Универзитетот во Штип презеде мерки по истрагата за електронскиот индекс

ДЕСК