Centar.mk
МЕТЕОCENTAR

Сончево и топло време, од средината на неделата температурите ќе достигнат над 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има зголемена облачност и во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени, јави УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите по должина на Повардарието понекаде ќе надминуваат 40 степени.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК