22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска за „Коха“: Со законската мерка „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, посочи дека во носењето на законското решение со Предлог – законот за работни односи со кој се дефинира дека недела е ден за одмор“ беа вклучени сите засегнати чинители. Шахпаска посочи дека за ова законско решение се разговараше на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажаа своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија.

„Целта поради која го носиме законот се работниците и работничките права. Работниците се основниот човечки капитал којшто учествува во процесот на производство. Нашата намера како предлагачи на законот не е само да го исполниме нашето изворно ветување на парламентарните избори, како што знае опозицијата да адресира, туку да се излезе во пресрет на барањата на работниците за воспоставување на еден баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Кога предлагате законско решение, најмалку што сакате е да постигнете негативен ефект – отпуштање на работници. Апелирам до работодавачите да го почитуваат ова законско решение, кога ќе се усвои, затоа што е многу тешко да се стигне до работна сила во услови кога бевме соочени со пандемија, и кога генерално квалификувана работна сила недостасува на пазарот“, рече Шахпаска.

Според министерката Шахпаска реализирањето на законското решение недела – ден за одмор, ќе генерира задоволство кај работниците кое пак, ќе предизвика зголемување на продуктивноста, која ќе значи поголем профит и на работодавачите.

„Намерата беше 92% од работниците да не работат во недела, и тоа го испорачува ова законско решение. Само 8% од работниците во оние дејности кои се неопходни, околу 42 таксативно наведени во предлог – законското решение ќе мора да работат во недела за да може државата да функционира непречено. Ние сите мора да имаме струја во недела, да имаме пристап до телефонија, да работат здравствените служби, системот за социјална заштита што значи згрижување на деца и стари и лица, царинските служби и службите за обезбедување. Мора да работат и неопходните дејности, како што се копањето на руда, топилниците, оние процеси кои поради технолошкиот процес не можат да бидат прекинати. Во овие 30% кои се исклучоци, само минимумот на работници кои мора да работат ќе работат во ден недела“, рече Шахпаска за „Коха“.

Предлог-законот за работни односи помина во прво читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Болести на денешницата: Ова се симптомите карактеристични за работниците денес

M T

Само осум проценти од работниците се вратија на работа во канцелариите на Менхетен по коронавирусот

M T

СДСМ: Поголема минимална плата за 80.000 работници, сите пратеници да го поддржат Законот

M T

СДСМ: Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците

M T

Снежана Калеска Ванчева: Недела неработен ден обезбедува подобри услови за работа и заштита на работничките права

M T