Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски

Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“, поради немање јасни докази дека го сториле кривичното дело за кое беа обвинети во случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски.

Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО.

Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на Бошкоски.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК