Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров од Словенија: Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот, или ќе го изгубиме

Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот, или ќе го изгубиме. И мислам дека ние навистина се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели да успеат да го постигнат тоа, а не да го изгубиме, изјави вицепремиерот, Никола Димитров, пред неформалниот состанок на министрите за европски прашања (ГАК) што се одржува во Брдо, Словенија.

„Имајќи ја предвид нашата географија, ние сме опкружени со земји членки, треба да го направиме ова заедно со ЕУ, затоа многу се радувам на дискусијата. Секако, веројатно ќе го покренеме прашањето на пристапување и проширување. Го споменав зборот криза, тоа потекнува од етимологијата на одлучувачка точка. Мислам дека под словенечкото претседателство во следните недели и месеци ја достигнуваме оваа одлучувачка точка. Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот, или ќе го изгубиме. И мислам дека ние навистина се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели да успеат да го постигнат тоа, а не да го изгубиме“, рече Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК