10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Најмодерната градинка се гради во Волково – еве како ќе изгледа

Детската градинка којашто се гради во скопското населено место Волково, во општина Ѓорче Петров, многумина со право ја нарекуваат најмодерна детска градника во државата, но и во регионот.

Станува збор за градба која отскокнува од традиционалните градби на детски градинки кои се изградени во време на социјализмот но и оние поновите од оваа деценија.

Градинката е изградена во кружна форма во стил на современата органска архитектура. Истата е составена од централен кружен атриум (внатрешен двор) со комплетна енергетска ефикасност и со инфраструктура за да згрижи деца со попреченост и физички инвалидитети.

Ваквиот тип на градба обезбедува и кружно движење на возилата со што се избегнува метежот на кој скопјани сведочат секое утро пред речиси секоја детска градника низ градот.

Во Волково за првпат во историјата се гради детска градинка а во истата ќе може да се згрижат 175 дечиња со што ќе им се олесни секојдневниот живот на семејствата во Волково но и од околните населени места.

Проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со грант во висина од 73.800.000 денари, со кофинансирање од Општина Ѓорче Петров во висина од седум милиони денари.

Пуштањето во употреба на градинката е предвидено за до крајот на годината, а во неа ќе се вработат и најмалку 50 негувателки, воспитувачки и технички персонал.

Спонзорирано: