Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Запленета марихуана вредна околу 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна околу 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународниот транспорт на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија. Во врска со случајот уапсени се и двајца поранешни вработени во МВР.

Според информациите на МВР, вчера И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон село Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од село Ливата, Струга, кој пристигнал со друго возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана.

Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.

Околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници, а во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра. Сите лица се приведени.

Извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга каде се приведени М.А. и Д.Д., инаку поранешни вработени во МВР. За време на претресите пронајдени се голем број на мобилни телефони со СИМ картички, додека кај И. К. пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои лицето ги поседувал без дозволи.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК