9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

СДСМ: Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, укината дополнителната акциза за горивата

Соопштение на СДСМ:

СДСМ останува целоснo посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Укината е дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена.

Целта на оваа мерка е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза.

Со измените во Законот за акцизи во април 2021 година се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана си цената на барел нафта на светската берза. Поточно, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува и тоа намалување ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.

Според законското решение, дополнителна акцизза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителна акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителна акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 денари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светска берза е меѓу 400 и 600 долари и ако цената на светска берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Покрај одлуката за укинување на дополнителна акциза кај дизел горивото, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за додадена вредност со што ДДВ за струја се намалува од 18 на 5 отсто.

Сите овие мерки значат унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики што се во интерес на граѓаните, на економијата, на државата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T