22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Се укина дополнителната акциза за горива, го штитиме стандардот на граѓаните

Прес-конференција на Костадин Костадинов портпарол на СДСМ и пратеник:

СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Сe укина дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена.

Целта на оваа мерка е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза.

Со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Односно, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува.

Кај дизел горивото е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

Условите за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото се исполнети за што Регулаторната комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети и условите за укинување на дополнителната акциза за бензините.

Покрај ова, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ претходно ги усвои измените на Законот за додадена вредност со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.

На овој начин ги заштитивме семејните буџети од поскапувањето на цената на струјата.

Сето ова се мерки коишто значат унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои се во интерес на граѓаните, на економијата, на државата.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

M T

СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка

M T

02 Aвгуст неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T