Centar.mk
КУЛТУРАМАКЕДОНИЈА

Пендаровски на 47-то издание на манифестацијата „Галичка свадба“

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, денеска присуствуваа на 47-то издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство.

За време на викендот, беа одржани традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата им подарија „галичка пафта“ со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

Манифестацијата „Галичка свадба“ со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Можеби ќе ве интересира

Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активност на државата

ДЕСК

МИЦКОСКИ НА ВАЖНА СРЕДБА ВО БРИСЕЛ – Европската перспектива и реформите во фокусот на разговорите со Копман

ДЕСК

НОВ ДАТУМ ЗА ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА – Гаши најави продолжување на 18 ноември

ДЕСК