Федерална судијка во Вашингтон ја продолжи привремената забрана за изградба на планираната монументална триумфална порта што ја предлага американскиот претседател Доналд Трамп. Судијката Тања Чуткан одлучи ограничувањето да продолжи да важи уште 14 дена, односно до 3 декември, доколку претходно не биде донесена нова судска одлука.
Проектот е предвиден во близина на Арлингтонските национални гробишта, а неговите противници сметаат дека би го нарушил историскиот и симболичкиот изглед на просторот. Меѓу подносителите на правните барања се ветерани, застапници за зачувување на историското наследство и претставници на локалните власти.
Судот сè уште ги разгледува барањата за подолгорочна забрана. Продолжувањето на привремената мерка не значи дека проектот е конечно отфрлен, туку дека градежните активности остануваат запрени додека трае правната постапка.


