Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

По неуспешните протести, Мицкоски се обраќа и на празни трибини

Останаа нечуени политичките пораки кои од партиската трибина во скопската населба Автокоманда ги испрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Партијата, а и тој на својот фејсбук профил, неколкупати повикаа сите симпатизери и граѓани да присуствуваат на трибината под името „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“, но тој вечерва се обрати пред едвај триесетина членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се решија да му дадат поддршка.

За само еден месец ова е втор дебакл на Мицкоски, откако претходно молчешкум завршија помпезно најавуваните протести за „одбрана на македонскиот идентитет“, преку блокади на главните крстосници низ повеќе градови во земјава. На блокадите, исто како и сега, се приклучија само најупорните поддржувачи на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која континуирано ниже неуспеси за масовност на своите протести и партиски активности. 

Многумина летаргијата на опозиционерите ја припишуваат на промашените пораки на лидерот на партијата, кој само повторува дека треба да се брани македонскиот идентитет и јазик, а од власта му стигнува истиот одговор – дека националниот идентитет не е на преговарачката маса. Преку последните чекори и изјави во јавноста веќе се поставува и прашањето дали тој воопшто би преговарал со Софија, односно дали членството во Европската унија се уште е стратешки приоритет на партијата. Деструктивните дела се потврдија особено преку вртење грб на македонските сојузници, како што е САД, од каде порачаа дека треба да се почитува Преспанскиот договор, бидејќи во спротивно ќе дојде до дестабилизација во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК