Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Граѓаните повторно му покажаа на Мицкоски дека не ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Трибината на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва се одржа во Автокоманда само потврди дека дури и партиските членови не ги поддржуваат политиките на Мицкоски на блокади, изолација и анти ЕУ и НАТО ставови.

Сам со сопартијците Мицкоски ја презентираше веќе видената, прочитана и отфрлена програма на ВМРО-ДПМНЕ која е спротивна на стратешките определби на државата за членство во ЕУ и во НАТО.

Народот јасно покажува која визија ја поддржува и дека го избира патот на евроатлантските интеграции преку Преспанскиот договор и соработка со соседите. Тоа се гледа и од се поголемата посетеност на редовните граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ кои ги организира СДСМ во сите градови низ земјата.

Ова е само уште едно во низата неуспешни обиди на ВМРО-ДПМНЕ да собере членство на трибини или протести, откако претходно блокираа улици низ градовите со по 10-20 партиски членови. Дури и тие протести прекинаа, откако Мицкоски виде дека ја нема поддршката од народот, а се помала му е и поддршката во неговата партија.

Можеби ќе ве интересира

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

ДЕСК

Мојсоска: Божиновска е на добар пат Македонија да ја претвори во рударска колонија на странскиот капитал

ДЕСК