Корупцијата претставува сериозна пречка за напредокот на Македонија кон Европската Унија, а владеењето на правото мора да биде суштински дел од реформскиот процес. Ова беше една од главните пораки на денешната собраниска дебата посветена на извештаите на Европската комисија.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во видеообраќање нагласи дека спроведувањето на реформите и надминувањето на спорот со Бугарија се важни за понатамошното пристапување. Шведскиот и швајцарскиот амбасадор посочија дека усвоените закони треба доследно да се применуваат.
За време на дебатата власта и опозицијата изнесоа различни оценки за состојбите во правосудството. Во фокусот повторно беа довербата во институциите и резултатите од борбата против корупцијата.


