При изборот на 30 кандидати за градоначалници на СДСМ во оваа прва фаза, пресудни беа анкетите спроведени меѓу граѓаните на овие 30 општини, рече партискиот лидер и премиер Зоран Заев.
-Се работи за чесни и одговорни луѓе, блиски до граѓните и со конкретни планови и решенија – рече Заев, додавајќи дека следниот месец СДСМ ќе објави уште една група градоначалници, додека до крајот на август ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници, но и за советници.
Како што рече Заев, Петре Шилегов ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, Велимир Смилевски за Бутел, Филип Темелковски за Кисела Вода, Сашко Николов за Штип, Константин Георгиевски за Охрид…
Понатаму, во име на СДСМ Перо Костадинов пак ќе трча за градоначалник на Валандово, Миликије Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Марјан Јанев за Василево, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Пешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево….
Исто така, донесена е дефинитивна одлука во СДСМ Лазе Петров да биде кандидат за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медат Куртовски за Маврово, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Кошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман…