Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2) , а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, со засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +