Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Добра вест: Дотрените бараки на амбулантите во Ѓорче Петров, Бутел и Аеродром ќе се заменат со нови објекти

13 објекти на здравствени установи, дел изградени пред речиси 60 години наскоро ќе заминат во историјата, а на нивно место ќе се постават нови модерни објекти.

Како што објави Телевизија 24 први кои ќе се заменат се бараките на амбулантите во Дексион општина Ѓорче Перотв, во Бутел и во Лисиче општина Аеродром кои со децении функционираа во супстандардни услови што беше сериозен проблем како за граѓаните, така и за лекарите кои имаа свои ординации во овие објекти.

Според информациите, веќе од утре лекарите концесионери ќе треба времено да ги напуштат објектите, а на местата на дотраените бараки, ќе се постават нови монтажни, но поцврсти објекти со квадратура од 550 метри квадратни.

Во следната фаза од овој проект, заменети ќе бидат и бараките во други наелби и општини.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +