21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи со амбасадорите на земјите-членки разговараше за интеграциите во ЕУ и словенечкото претседателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ. Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот.

„Следниот период, идните дипломатските делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западниот Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

На состанокот беше направен и пресек – резиме на сите дипломатски активности преземени за време на португалското претседателство, при што Османи изрази задоволство од високото ниво на посветеност и интензивна активност на дипломатската мрежа кои ја позиционираат Северна Македонија високо во меѓународните односи. Во тој контекст на маса беа ставени и преземените обврски со нашето зачленување во НАТО и претседавањето со ОБСЕ во 2023г.

Можеби ќе ве интересира

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Заев: Прекрасно е да бидеш повторно дома за празниците, со семејството, со пријателите

ДЕСК

Зоран Заев денеска заедно со неговата сопруга го посеатија хуманитарниот новогодишен базар, иницијатива на Форумот на жени на ОО СДСМ Струмица.

„Прекрасно е да бидеш повторно дома за празниците, со семејството, со пријателите. Денеска со сопругата го посетивме хуманитарниот новогодишен базар, иницијатива на Форумот на жени на ОО СДСМ Струмица. Средствата собрани од донациите ќе ги донираат на социјално загрозените семејства.

Во период на големи празници, овој базар ја испраќа пораката на солидарноста, на топлината на домот, на можноста да помагаме на секој, секаде каде што можеме и во секое време“, напиша Заев на Facebook.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158159149997932

Можеби ќе ве интересира

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК