Centar.mk
МЕТЕО

Сончево и многу топло време со температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. В петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Можеби ќе ве интересира

ЈУНИ ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕВРТЛИВО ВРЕМЕ: До 34 степени, но и услови за изолирано невреме

ДЕСК

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Пороен дожд и грмежи можни во западните и северните предели

ДЕСК

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК