7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Марија Костадинова: Зголемената економска активност во ТИРЗ потврдува дека економијата е стабилна и развојна

Прес-конференција на Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ:

Успешните и навремени економски политики на Владата предводена од СДСМ придонесуваат економијата да се развива со засилено темпо, а последиците од коронакризата веќе да станат минато.

Еден од последните докази за тоа е и економската активност во Технолошко индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години.

Според официјалните податоци, во вториот квартал од 2021 година, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140% повеќе од истиот период во 2020 година додека во однос на 2018 година порастот е околу 27%.

Извозната активност и во јуни оваа година е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе од истиот месец од минатата година.

Истовремено, продолжува и растот на новоотворени работни места во ТИРЗ-овите. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7 отсто во однос на истиот месец од 2020 година.

Очекувано е ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни, но нови странски и домашни компании.

Една од нив секако е и новата инвестиција на канадската компанија Магна, презентирана неодамна, која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места.

Одговорниот, инклузивен и правичен пристап во привлекувањето странски инвестиции дава очигледни резултати.

Бележиме постојан пад на стапката на невработеност и отворање на нови и добро платени работни места.

Продолжуваме со економските мерки и политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите.

Го носиме најдоброто за економијата, најдоброто за државата.

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +