4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ за Еуроњус: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју на Еуроњус кажа дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот кој интервјуто го даде за време на неговата дводневна посета на Тирана, додаде дека двете земји работат заедно да ја зајакнат соработка во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажурираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата, и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството. Размислуваме како да се зајакне соработката помеѓу нашите Академии за судии и јавни обвинители и како да се зајакне регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, изјави Маричиќ.

Министерот во интервјуто кажа дека за разлика од Албанија каде што се спроведе ветинг во судството, кај нас според утврдена методологија Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега 13 се разрешени, бидејќи самото судско тело донесе одлука дека тие постапувале нестручно или пак несовесно.

На прашање за застапеноста на Албанската заедница во судството Маричиќ кажа дека многу клучни позиции во правосудството се раководни од Албанци и дека клучно за нивниот избор била пред се стручноста и искуството.

– Можам да ви кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница. На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседателката на Врховниот суд кој е највисок суд во нашата земја е Албанска. Повеќе членови во Судскиот совет, Советот на обвинители исто така. Затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и е добро застапена во правниот систем воопшто, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T