Во минатата година Владата имаше приоритет, а тоа беше здравјето на граѓаните и здравствениот систем да биде во функција, но сепак и во време на пандемија се погрижи да има и здрава економија, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово, Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство.
-Владата донесе шест пакети мерки за да се врати економијата и животот во нормала. Секторот земјоделство само ако се погледне низ бројки, во буџетот учествува со близу 12 проценти, нои во време на криза даде сериозен придонес благодарение на мерките кои беа донесени, рече тој.
Според Димковски една од најзначајните развојни мерки е вода за наводнување обезбедена преку функционални системи, пуштени се две задруги за потребите на земјоделците и секако модерното менаџирање и управување за производство и пласман на земјоделските производи.
-Последните прани беа изградени во 70-80-тите години. Денеска во градба е браната во Конско, Браната на кочани и тоа обезбедени средства од државниот буџет бидејќи наводнувањето е важно за подобри приноси. Сето ова не води кон одржлива зелена економија бидејќи тоа го бара ЕУ, земјата, почвата и водата кои ги користиме треба да биде во нормални рамки бидејќи и после нас некој треба да произведува храна, рече тој.
Тој потенцираше дека Обединетите нации направија фондови за глобални климатски промени и затоа фокусот и иднината во земјоделието се модерните системи за наводнување
-Земјоделието е доста напорна и мачна работа но ако сакаме конкурентен производ мора се овозможат посебни програми за развој, со поддршката од Владата на СДСМ развојот наместо за 10 години ќе биде за 3 години, рече тој.
Димковски посочи дека пред се оваа Влада на СДСМ мисли на младите, по 20.000 евра грантови беа обезбедени за младите земјоделци.
-Кога започнавме во овој сектор и ја презедовме власта од ВМРО-ДПМНЕ имаше коруптивен услов „Прв дојден прв услужен“ ова кај СДСМ не постои, сите кои исполнуваат услови сите довиаат грантови од различни програми. Затоа секторот земјоделство не дозволивме да падне под нула и во време на пандемија, се одржавме на ниво за брз развој, рече Димковски.
Тој посочи дека со третиот пакет се овозможени законски можности за мали стртапи за производство на храна , мали семејни винарии за првпат да се регистрираат како производители со нови измени и правилници и да можат да аплицираат за грантови.
Оваа година 110 милиони евра се исплаќаат на земјоделците. Веќе трета година се дава зелена нафта, оваа година со 50 проценти од вредноста на цената, овозможивме жените носители на стопанство да добијат грантови, овозможивме користење на ИПАРД програмите до 81 процент затоа имаме развој. Нивата нива е широка и долга, само со големи површини земјоделецот ќе работи многу полесно, рече Димковски.