23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Општина Центар ќе ја мери гласноста во локалите

Инспектори од Општина Центар ќе вршат мерење на бучавата во угостителските објекти.

Како што се наведува, Секторот за инспекциски работи добил голем број пријави на граѓаните на општината.

„ Во наредниот период овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави“, соопштија од општината.

Оттаму апелираат до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.

Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина.