23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за транспорт: Лошите процени на ВМРО-ДПМНЕ за автопатот Кичево – Охрид не може да се надоместат

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, стои во писмениот допис од оваа институција.

„И по неколку години, штетите направени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со лошите процени, погрешното проектирање и високите договорни цени за автопатот Кичево – Охрид не може да се надоместат. Штетите веќе ги трпат сите граѓани и државата. Апсолутно не се точни тврдењата дека не се работи на изградбата на автопатот. За само две години, процентот на изградба на автопатот се зголеми 40 проценти од основниот договор, што претставува силен прогрес имајќи предвид штетите што беа наследени од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираат од Министерството за транспорт и врски.

Додаваат дека сегашната Влада покажала доблест и ги исправила сите грешки направени, како што велат, од лошото менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ со овој проект.

„Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за државни патишта ги изработи сите дополнителни инфраструктурни проекти што произлегоа од несовесното работење на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се одобруваат од Министерството за транспорт и врски и како резултат на оваа посветеност за овој проект отворен е фронт за над давесет и пет нови позиции за работа. Автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде изградена во најоптимлен рок, но оваа Влада по секоја цена нема да прави штетни договори како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ за што сега се водат судски постапки“, пишуваат од Министерството.

Појаснуваат дека ЈП за државни патишта во меѓувреме активно работи на продолжување договорот со изведувачот, но со договорот мора да бидат заштитени граѓаните, парите на граѓаните и државните интереси.

Спонзорирано: