Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Викендов невреме во Македонија, па во понеделник промена: Детална прогноза

Денес во целата земја и утре во поголемиот дел ќе се задржи многу топло.

Утре преку денот ќе се задржи многу топло, со зголемена облачност попладне.

Кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во
деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град.

Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Прогноза за 10.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8

Прогноза за 11.07.2021
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8

Прогноза за 12.07.2021
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

C +