18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Овие осум растенија природно ќе ги избркаат комарците и инсектите

Заборавете на токсичните репеленти кои можат да го загрозат здравјето на вашето семејство. Одредени растенија не само што го чистат воздухот и помагаат да заспиете, туку можат да избркаат инсекти и комарци од куќата. Некои од нив имаат силен мирис, а други имаат хемиско соединение што го чувствуваат само инсектите.

Хризантема

Хризантемите не само што имаат убави цвеќиња, туку служат и како одличен лек против инсекти. Тие произведуваат супстанција наречена пиретрин, која инсектите не ја сакаат. Можете да засадите хризантеми покрај другите растенија како форма на контрола на штетници или да ги извадите цвеќињата, да ги ставите во топла вода и со тоа да ги освежите алиштата и површините за да ги избркате комарците.

Нане

Нането често се користи за готвење, но може да направи и чуда кога станува збор за контрола на наезда на мравки.
Само посипете нане каде и да најдете мравки и гледајте како исчезнуваат. Силниот мирис што го дава ова растение брзо ќе ги одбие овие несакани гости. Исто така влијае и етеричното масло од нане.

Лаванда

Лавандата содржи соединение наречено линалол, што е добро познат инсектицид против болви, овошни мушички и лебарки. Ставете неколку лисја од лаванда во шише за прскање исполнето со вода и прскајте на кожата и мебелот.

Рузмарин

Без разлика дали се работи за готвење или украсување, да имате растение рузмарин во вашиот дом е секогаш добра идеја. Цветовите од рузмарин имаат моќ да ги избркаат сите комарци на вашиот пат. Само додадете една чаша сушен рузмарин во еден литар вода, оставете да зоврие, оставете да се излади и смесата ставете ја во шише со прскалка. Можете да го нанесете директно на кожата или домашните миленици.

Лимонова трева

Лимоновата трева има добар мирис за луѓето, но инсектите не ја толерираат нејзината арома. Скршете ги лисјата, со што ќе се интензивира мирисот, а потоа истријте ги на кожата за да ги избегнете комарците и инсектите.

Босилек

Лисјата од босилек имаат четири одбивни соединенија и само треба да ги протриете за да пуштат појак мирис. Ставете го босилекот на прозорските рамки за да спречите комарци да влезат во куќата.

Оригано

Инсектите не го сакаат мирисот на маслото од ова растение. Исецкајте четири до пет чаши лисја од оригано за да ја ослободите течноста од ова растение, а потоа ставете ја смесата во сад со вода на сончево место и оставете ја да отстои преку ноќ. Во смесата додадете малку течен сапун, процедете и ставете го готовиот производ во шише со прскалка.

Можеби ќе ве интересира

СПАС ОД КОМАРЦИ – Засадете две растенија и заборавете на инсектите кои ви го загорчуваат животот

M T

Без адитиви, потполно природно: Направете сами средство за заштита од комарци

M T

СЕ ВЕРУВА ДЕКА НОСАТ ЗЛО: Не ги засадувајте овие растенија во дворот

M T

Бидете МНОГУ внимателни: Овие пет растенија можат да бидат фатални за вашето здравје

M T

Град Скопје: Во среда ќе се прска против ларви од комарци

M T

Градот Скопје ќе прска против ларви од комарци

M T