Centar.mk
СВЕТ

Експлозија во воен објект во Боливија: Најмалку двајца загинати, десетици повредени

Најмалку две лица загинаа по експлозија во воена касарна во Боливија – но властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да биде поголем.

Боливискиот министер за одбрана Ернесто Јустинијано изјави дека најмалку 81 лице е повредено кога „пиротехнички материјал“ детонирал во касарната околу 14:30 часот по локално време во петокот. Седум други лица сè уште се водат како исчезнати.

Експлозијата се случила во област каде што била складирана пиротехничка опрема, изјави Хустинијано на социјалните мрежи.

„Постојат прелиминарни извештаи за можни смртни случаи, но сакам да бидам одговорен: нема да објавиме никаков број на жртви додека оваа информација не биде целосно потврдена“, додаде тој.

Причината за експлозијата е под истрага./Извор:Makfax