Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Љубов

РАСКИНУВАЊЕ НА ВЕКОТ: Открил дека девојката го изневерува со пријателот и ја оставил на генијален начин! БРАВО! (ВИДЕО)

За никого не е лесно кога ќе сфати дека саканата личност го изневерува. Повеќето плачат, викаат, кршат во тој момент. Предавството е удар што неописливо боли и го јаде срцето, а уште е полошо кога, згора на сè, ќе сфатите дека вашата драга зад грб ви „шара“ со вашиот пријател. Но, за жал, и тоа се случува, и една таква неволја го снајде овој млад човек, чие видео од неговата последна разделба со неговата драга на Фејсбук собра повеќе од 15 милиони прегледи, заедно со дополнителни шест на ЈуТјуб!

Младиот човек ја претвори целата своја тага и гнев во креативно збогум, а тој пристигна во нејзиниот дом со изговор дека и подготвил подарок. Тој исто така покани „пријател“ да биде сведок на тој посебен момент, а од видеото се чини дека на прељубниците не им паѓаше на крај памет што ќе се случи понатаму.

https://www.youtube.com/watch?v=ew8SCeGIO5k

Завил балон исполнет со конфети во голема кутија, ставил помала кутија врзана со машна со парче хартија во неа. Во средината беа испечатени пораки од апликацијата WhatsApp, преписки на прељубницата со „пријателот“ на нејзиното момче. На крајот, тој само им рече дека повеќе не сака да ги види и се стекна впечаток дека од на излегување од станот протече и по некоја солза.

Можеби ќе ве интересира

Хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат: Вагите се познати како најголеми љубовници, но овие знаци ќе ве изненадат

M T

Еве кои ситуации треба да ги избегнувате после раскинувањето

M T