3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Советот на Град Скопје ќе расправа за ребаланс на буџетот за 2021 година

На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2021година со кој е предвидено негово зголемување за 7,4 проценти, поточно зголемување за 531.264.000 денари. Со овој ребаланс наместо предвидените 7.207.490.000, Град Скопје во текот на 2021 година планира да потроши вкупно 7.738.754.000 денари. Зголемувања се прават во основниот буџет на Град Скопје, во износ од 650 милиони денари, како и кај буџетот на донации, каде што се предлага зголемување на средствата во износ од 10,9 милиони денари. Намалувања имаме кај буџетот на дотации, каде што се врши намалување во износ од 29,6 милиони денари, како и во буџетот на кредити, каде што се предлага намалување за 100 милиони денари. Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа и за Предлог- Одлуката за формирање на Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата“, со која се предлага формирање на специјално тело чија цел е координирање на активностите што произлегуваат од кандидатурата за оваа титула. Истото, би било составено од претседател, заменик-претседател и 19 членови, а истите претставници се вработени во Град Скопје, Владата на РСМ и министерството за култура, јавните културни институции на Град Скопје и РСМ, како и претставници на граѓанското општество. Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за доделување на награда во износ од 100.000 илјади денари на Дрита Исљами, за постигнатиот успех, освоено прво место на Европското екипно првенство во атлетика трета лига во Лимасол -Кипар, на 400 метри со пречки поставувајќи нов државен рекорд. Покрај за овие точки, советниците ќе расправаат и за повеќе извештаи, програми за работа и одлуки од областа на работењето на јавните претпријатија и градските културни институции.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

Совет на амбасадори: „Преговарачката рамка“ со Бугарија треба да биде реализирана од Брисел а не од Софија

M T

СДСМ: Ребалансот на буџетот во застој оти претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ си се шета во Египет

M T

Совет злато вреден: Познат готвач откри трик за полесно подготвување храна

M T

СДСМ: Со ребалансот обезбедуваме пари за поголеми плати, пензии и таргетирани мерки за поддршка на граѓаните

M T

СДСМ: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, за поголеми плати и пензии и заштеда на 200 милиони евра

M T