Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на ГАК

Подобрени се условите за пациентите кои ги опслужува Клиниката за гинекологија и акушерство. Од денеска е во функција целосно реновираната ургентна амбуланта, којашто дневно опслужува 50-60 жени коишто доаѓаат за различни ургентни состојби во областа на гинекологијата. Опремена е со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов стол и сега амбулантата има пријатен амбиент да ја пружа соодветна здравствена услуга.

Дополнително на тоа, веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствена заштита, оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 90 стандардна оперативна процедура. Тоа значи дека кај 150 жени согласно индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици коишто се поврзуваат со оваа интервенција.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче кој денеска ја посети Клиниката за ГАК истакна дека со реновирањето и унапредувањето на услугите на ГАК, со поставената нова опрема, инкубаторите и новите респиратори вклучувајќи ги и високофреквентните, евидентни се бројките коишто укажуваат на подобрување на сите резултати што се однесува до давањето на здравствена услуга во овој дел.

Клиниката за гинекологија и акушерство е институција којашто во целокупниот изминат период најпрво го менаџираше третманот на жените, родилките коишто беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на третманот, интензивното лекување и операциони сали. Се истакнуваат со години наназад со својата експертиза, знаење и менаџирање на целокупниот процес што се однесува на мајчиното здравје, здравјето на бебињата од најраните денови, првите денови на животот што се манифестира како еден успех препознаен и од меѓународни институции, а тоа е преполовувањето на новороденечката смртност за период од две години. Таков резултат нема ниту една земја во светот, заслужува секаква пофалба и честитки и за менаџерскиот тим на чело со директорката и целокупниот стручен колегиум. – кажа министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +