Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Девојка на електричен тротинет тешко повредена во Скопје

На крстосницата од скопските улици „Македонско-косовска бригада“ и„Втора македонска бригада“ вчера во попладневните часови се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредена 22-годишна девојка на електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, во судирот учествувале автомобил „тојота“, управуван од Б.Х. (74) од скопското село Визбегово и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 22-годишната Ф.К. од Скопје.

Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ТЕПАЧКА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ – Во пресметката учествувале лица на возраст од 26 и 30 години

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КИСЕЛА ВОДА – Физичка пресметка меѓу лица на возраст од 22 и 30 години

ДЕСК

ЗАКАНИ КОН ПОЛИЦАЕЦ ВО ПРОБИШТИП – Кривична пријава против 45-годишник

ДЕСК