22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска: Околу 5.000 деца Роми се вклучени со проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, градиме општество еднакво за сите, општество кое интегрира, а не сегрегира

Соопштение:

„Образованието во раното детство игра клучна улога во развојот на децата и има значајни позитивни социо-економски ефекти врз целото општество. Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот завршен настан на кој се презентираа постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“.

Отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца, се целите кои беа поставени со овој проект кој е од огромно значење за припадниците на ромската популација.

Министерката Шахпаска информираше дека во текот на изминатите 15 години од имплементацијата на проектот бесплатно биле вклучени околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, а за таа цел биле ангажирани 20 негувателки Ромки, како и 17 медијатори кои работат на проектот во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим.

„Важно е да се напомене дека ромските деца не се сместени во сегрегирани групи во градинките, туку во интегрирани групи заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека градиме општество еднакво за сите, општество кое интегрира, а не сегрегира“, истакна министерката.

Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“ во учебната 2020-2021 година беше имплементиран во 20 општини при што беа опфатени вкупно 120 деца, бројка која ќе беше далеку поголема ако не беше пандемијата со КОВИД 19 и пропишаните протоколи.

„Она што во 2006 година започна како проект, денеска е една успешна јавна политика не само во земјава , туку во целиот регион. Образованието е клучен предуслов за целосна интеграција и инклузија на ромската популација“, истакна директорот на Ромскиот едукативен фонд , Реџепали Чупи.

Министерката Шахпаска посочи дека овој проект придонесе и за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, кое значително го подобрува развојот на децата Роми и вклучувањето во образовниот систем. Тоа го потврдува и секој Извештај за Прогресот на Република Северна Македонија на Европската Комисија, каде што овој проект беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација.

Соработката со Ромскиот Едукативен Фонд и имплементацијата на овој проект продолжува и оваа учебна година, 2021/2022, со вклучување и физичко присуство на 400 деца Роми.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

M T

Спасовски: Зголемени капацитетите на МВР за поефикасна контрола на мало и лесно оружје преку проект на УНДП

M T

СДСМ: Шест месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден проект, ниту едно исполнето ветување

M T

8 април неработен ден за припадниците на ромската заедница

M T

СДСМ: Арсовска не сработе ниту еден проект, за 82 дена мандат успеа само да ја партизира градската администрација

M T

Каевски: Арсовска нема реализирано ниту еден проект

M T