21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Дали го правите ова погрешно: Кога треба да пиете топла, а кога студена вода за да ослабите и да се ослободите од отровите

Најважното правило за здрав живот е минимум осум чаши вода на ден.

Ако тренирате или се обидувате да изгубите тежина, добро е да знаете дека само базирањето на исхраната нема да даде резултати без соодветно внесување на вода, што во овој случај е поважно.

За да може телото нормално да функционира, за циркулацијата и работата на цревата, внесувањето на доволни количини на вода е исклучително важно.

Сепак, и тука треба да се направи разлика. Можеби сте чуле дека има полемика околу тоа дали е подобро да пиете топла или ладна вода. Всушност, и двете опции се добри за правилно функционирање на телото, но постои правило кога да пиете топла, а кога да пиете ладна вода.

Ладна вода

Нема подобар начин за ладење и освежување отколку со ладна вода, а еве кога да ја пиете и зошто е тоа добро.

Пред тренинг, бидејќи поттикнува согорување на калории.

Со внесување на ладна вода во телото, телото почнува да троши повеќе енергија во обид да ја нормализира температурата. Ова го забрзува метаболичкиот процес и троши повеќе калории.

Студената вода ја намалува телесната температура.

Пиењето на ладна вода помага телото да не се прегрее, особено за време на вежбање или за време на високите температури. Непотребното зголемување на телесната температура може да го оптерети срцето затоа што крвните садови имаат тенденција да се шират.

Консумирањето ладна вода за да се намали температурата на телото, исто така, помага да се потисне дехидрираноста што може да се појави поради прекумерно потење.

Студената вода освежува.

Кога сме поспани, имаме навика да пиеме повеќе кафе отколку што е потребно, но тоа нема да помогне. Ако чувствувате поспаност, испијте една до две чаши вода, што веднаш ќе ве разбуди.

Ако сте лошо расположени!

Според експертите, јадењето сладолед може да го стимулира орбитофронталниот кортекс – областа на мозокот што е одговорна за расположението. Сигурно е дека ладната вода за пиење може да ви помогне да го подигнете расположението. Најдоброто нешто во врска со ладната вода е тоа што не содржи шеќер и калории како сладоледот.

Топла вода

Можеби сте чуле за ајуведичка медицина? Според неа, топлата вода е секогаш добар избор, особено наутро по будењето, бидејќи ја стимулира работата на сите органи, метаболизмот и варењето на храната.

После тренинг

Кога ќе завршите со тренингот, најдобриот начин да ја надоместите изгубената течност и да ја вратите енергијата е да консумирате само топла вода, која ќе ве исчисти одвнатре.

Против болки во мускулите.

Внесувањето на топла вода ви овозможува да се справите со болката без лекови. Консумирањето топла вода веднаш има смирувачки ефект врз организмот, што овозможува опуштање на нервите и мускулите.

Спречува стареење на кожата.

Топлата вода е поефикасна во исфрлањето на насобраните токсини во телото отколку ладната вода. Со ослободување на отпадните материи од телото, кожата може да стане помека и посјајна. Исто така, го стимулира производството на структурни протеини колаген и еластин, што ја затегнува кожата и ги измазнува брчките.

Одлична за работата на цревата.

Така е затоа што помага при разградување на храната на помали честички, овозможувајќи им непречено поминување низ гастроинтестиналниот тракт. Пиењето топла вода помага да се потисне запекот, како и други симптоми поврзани со него, како што се надуеност, вишок гасови и грчеви во стомакот.

Нема да имате проблеми со варењето на храната.

Пиењето ладна вода за време и после оброк може да предизвика стврднување на маснотиите и маслото во храната, што ќе го отежни процесот на варење. Топлата вода е генерално добра за процесот на варење, бидејќи помага при разградување на храната и поттикнува подобра апсорпција на хранливите материи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одење и слабеење – и тоа е можно: Со 5 совети согорете 50 отсто повеќе калории

M T

За да ослабите пијте го овој сок од само три намирници

M T

Ова се три најчудни начини за слабеење за кои ДУРИ и лекарите велат дека НАВИСТИНА делуваат

M T

Сите ја правиме истата грешка: Доктор објасни во кои ситуации НИКОГАШ не треба да пиете вода

M T

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ: Залудно гладувате и се мачите – Килограмите НЕМА ДА СЕ СТОПАТ без ова!

M T

АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ, ВЕЧЕРАЈТЕ САМО ВО ОВА ВРЕМЕ: Оваа нова метода симнува килограми за еден час – потребно е само ЕДНО!

M T