7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бисера Костадиновска Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ го кочи ребалансот на Буџетот, се противи на повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита

Прес-конференција, Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ упорно не ја закажува седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за ребаланс на Буџетот за 2021 година.

Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека е против мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за активни мерки за вработување, кои се предвидени со ребалансот на буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е против намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за образование, за социјална заштита, за здравство и за зголемување на платите во неколку сектори.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за субвенциониран студентски оброк и подигнување на стандардот на 40.000 студенти.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за економијата, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги кочи мерките и политиките што го подобруваат животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се води од личните интереси на Мицкоски, СДСМ продолжува да се води од интересите на граѓани.

Таа разлика граѓаните ја препознаваат и својот став ќе го кажат на локалните избори каде ќе испорачаат нов пораз на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Ребалансот на буџетот во застој оти претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ си се шета во Египет

M T