Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Пахор: Деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид имаше средба со претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“.

„Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата, претседателот Пендаровски изрази очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Тој истакнал дека Република Северна Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочи дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко.

Можеби ќе ве интересира

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК

БЕЗ ДОЗВОЛА, СО ЗАБРАНА, ПА ДУРИ И ПИЈАН НА ТРАКТОР: МВР со нова акција низ државата – Девет возачи завршија во полиција за само 24 часа

ДЕСК