Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За шест часа казнети 348 возачи за брзо возење

Полицијата за шест часа казни 348 возачи за брзо возење на територија на цела држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08 до 14 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се вкупно 348 возачи. Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово-70 и СВР Охрид-67.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК