17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Три природни препарати за заштита на кожата од каснување од комарец

Летните вечери се обележани со напади на комарци, особено по дождливите периоди кои го означија само почетокот на ова лето. Роеви на овие инсекти, покрај тоа што не вознемируваат со постојано зуење околу ушите, можат да донесат инфекции со убоди и да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои, додека лекарите предупредуваат и на вирусот Западен Нил.

Комарците може да ги отстраните со целосно природен препарат кој не е штетен по здравјето, а за тоа ви требаат половина литар алкохол, 100 грама каранфилче и 100 милилитри масло, што може да биде бадемово, масло од лаванда, па дури и неутрално масло за бебиња.

Натопените каранфилчиња оставете ги четири дена во алкохол, промешајте наутро и навечер. По четири дена, додадете го маслото и добро протресете. Ставете неколку капки на рацете и нозете, масирајте ја кожата и комарците нема да и приоѓаат на вашата кожа.

Есенцијалните масла се исто така ефикасни во заштитата на кожата од каснување од комарец. За ова можете да користите есенцијални масла од цитрус еукалиптус, масло од цимет, рицинусово масло, масло од лаванда, масло од рузмарин, масло од лимонска трева или каранфилче. Измешајте избрани есенцијални масла, неколку капки со маслиново масло и редовно нанесувајте ги на кожата за да се заштитите од комарци.

Природниот спреј за комарци е далеку поефикасен од комерцијалните хемикалии и е исто така поздрав за кожата. Бидејќи комарците не сакаат мириси како нане, лаванда, амброзија и камилица, можете да ги мешате сите овие билки и да ги варите како обичен чај.

Во овој раствор треба да додадете и алкохол и истурете го во шише, на кое има небулизатор. Ова е сосема природно и без никакви штетни влијанија врз вашето здравје. Во случај да сте особено чувствителни, тогаш треба да избегнувате алкохол и тој ќе го има скоро истиот ефект врз комарците, кои не ги сакаат овие мириси.

Можеби ќе ве интересира

СПАС ОД КОМАРЦИ – Засадете две растенија и заборавете на инсектите кои ви го загорчуваат животот

M T

Без адитиви, потполно природно: Направете сами средство за заштита од комарци

M T

Град Скопје: Во среда ќе се прска против ларви од комарци

M T

Градот Скопје ќе прска против ларви од комарци

M T

Од четврток прскање против комарци во Скопје

M T

Овие осум растенија природно ќе ги избркаат комарците и инсектите

M T