Со заедничко работење и регионална соработка, земјите од Западниот Балкан можат побрзо до видливи резултати и економски развој на патот кон членството во Европската Унија. Преку иницијативите, како Мини Шенген, Северна Македонија, Албанија и Србија работат на европеизација на Балканот, додека паралелно течат процесите за членство во Европската Унија.
Лидерите на Северна Македонија, Албанија и Косово – Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ денес одржаа конференција „Мини Шенген“ на која разговараа за меѓусебната соработка и потребата од европеизација и развој на регионот. Помеѓу целите на оваа иницијатива и конференција се истакнува зголемувањето на благосостојбата на граѓаните и привлекувањето големи инвестиции, кои би биле невозможни доколку тоа се прави поединечно.
Иницијативите за регионална соработка, како Мини Шенген, сепак не се алтернатива на патот кон ЕУ и члнеството во Унијата, туку само се надоврзуваат на пристапниот процес и на патот кој треба да се изоди до конечното члнество. Западниот Балкан е дел од Европа и колку што ЕУ е потребна за земјите од овој регион, толку и западнобалканските земји се потребни на Унијата.
Тројцата лидери денес истакнаа дека иако се разочарани од неуспехот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и да ги отпочне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, сепак сите остануваат посветени на патот кон ЕУ и регионалната соработка.
Тие изразија волја за спроведување на четирите слободи на ЕУ низ целиот регион, за и граѓаните од Балканот да уживаат во слободното движење на луѓе стоки, услуги и капитал. Затоа, Заев, Вучиќ и РАма најавија дека ќе ја поддржат идејата за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули.
Од тој аспект, иницијативата Мини Шенген го отвора западниот Балкан и допридонесува за европеизација на целиот регион, нудејќи можности за побрз раст и развој на економијата, како и спроведување на потребните реформи, што ќе помогнат на патот кон члнеството во ЕУ.
На 29 јули во Скопје ќе се одржи наредната средба од иницијативата за Мини Шенген, каде што ќе се потпишат и неколку договори за соработка, пред се за слободна размена на стоки и услуги.