11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пеколни температури и деновиве: УХМР со најави за позначително освежување и дожд

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

Прогноза за 30.06.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 33°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. УВ=9

Прогноза за 01.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. УВ=9

Прогноза за 02.07.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Спонзорирано: