Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казни за 187 возачи на територијата на Скопје

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 187 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 41 санкција, 30 казни биле изречени за управување возило под дејство на алкохол, 35 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 14 казни за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени биле и шест казни за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, седум за користење мобилен телефон при управување возило, две за вградени неатестирани фолии, две за минување на црвено светло, 26 казни за непрописно паркирање.

Од МВР упатуваат на информацијата дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат заради поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.