Centar.mk
фото: скриншот на видео од Влада
СВЕТ

НАТО ПОДИГНА БОРБЕНИ АВИОНИ НАД ЛИТВАНИЈА – непознат летечки објект предизвика тревога

Борбени авиони што ја извршуваат мисијата за воздушна одбрана на НАТО биле активирани утрово поради непознат летечки објект во воздушниот простор на Литванија, во близина на границата со Латвија. Постои сомнение дека станувало збор за беспилотно летало.

Според литванските и латвиските власти, авионот или дронот можеби експлодирал без да биде соборен. Потеклото на објектот засега не е утврдено, а во областа се спроведува теренска проверка. Инцидентот доаѓа во период на зголемена загриженост поради воздушните нарушувања на источната граница на НАТО.